Макотерм

Макотерм

ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА ПРОМЕТ УСЛУГИ И ЗАСТАПУВАЊЕ

МАКОТЕРМ е компанија основана во 1988 година со примарна дејност греење, вентилација и климатизација. Согледувајќи ги барањата на пазарот, низ годините ја проширувавме листата на дејности, па денес освен со греење, вентилација и климатизација се занимаваме и со електрика и електро материјали, водовод, санитарија, канализација, завршни работи во градежништвото, третман на води (пречистителни станици, хлорирање, озонирање и сл.), како и увоз-извоз и трговија со материјали кои се користат во тие дејности. Исто така поседуваме сопствена висококвалитетна опрема за изведување на секаков вид на инсталации за греење, водовод, санитарија и електрика.

МАКОТЕРМ надвор од Р. Македонија е застапуван од повеќе компании со кои долги години успешно соработува. Наша постојана цел е и останува да биде квалитетот на производите кои ги продаваме и услугите кои ги нудиме. Потврда за тоа е долгата листа на задоволни клиенти и меѓународниот сертификат  за квалитет, ISO 9001:2008, издаден од сертификациската куќа Certop. Исто така поседува и лиценци Б и Ц за изведувач на градби од втора и трета категорија, како и овластувања на стручните лица за надзор, ревизија и изведување.